Нов малер за Анчелоти, Реал Мадрид цел месец без важен првотимец

Реал Мадрид ќе остане без услугите на Едуардо Камавинга, откако францускиот репрезентативец доживеа повреда на натпреварот против Ливерпул во Лигата на шампионите. 

Французинот беше во почетниот состав на Карло Анчелоти, но потоа беше заменет во 56. минута, а лекарските прегледи покажале дека ќе мора да отсуствува најмалку три недели. 

Камавинга поради повреда го пропушти стартот на сезоната и досега одигра девет натпревари во сите конкуренции, но сега повторно ќе мора да паузира и да ja санира повредата на бутниот мускул.