• Горан Упале
Константин Чешмеџиев ја продолжува интернационалната кариера. Откако го раскина договорот со софиски Септември, поранешниот младински македонски репрезентативец нов ангажман пронајде во Албанија, каде ќе го носи дресот на тимот на Влазнија.
Така, Влазнија во едно лето договори двајца фудбалери од Македонија и претходно тимот го засили доскорешниот фудбалер на Брегалница, Дарко Додев
За Чешмеџиев ова ќе биде прв предизвик во албанскиот шампионат, откако претходно настапуваше за мостарски Вележ, како и за нашите Академија Пандев и Шкендија.
Инаку, во финишот од минатата сезона на чело на Влазнија беше македонскиот стратег Гоце Седлоски, кој по крајот на шампионатот ја раскина соработката со клубот.