Уште еден Македонец во Црвена Звезда: Павел Марковски потпиша за српскиот гигант!

Македонската колонија во славната Црвена Звезда се зголемува со уште еден член, Младиот Павел Марковски потпиша за српскиот гигант, откако претходните неколку недели мина тест период, на кој остави одличен впечаток. 17-годишниот фудбалер се обврза на соработка со „црвено-белите“ и веќе тренира со својот нов клуб.

Младиот битолчанец до пред неколку месец беше член на кадетската екипа на Работнички. Со својата брзина и можност да игра добро на повеќе позиции отскокна со својот квалитет и го привлече вниманието на поголемите клубови. Брзоногиот страничен фудбалер е во кругот на националната репрезентација во својата возраст.

Павел Марковски доаѓа од спортско семејство и е син на прославеното ракометно име и поранешен капитен на ракометната репрезентација на Македонија, Иван Марковски.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.