Уште еден калчолигаш тргна по потписот на Несторовски 

Илија Несторовски сè поизвесно е дека си заминува од Палермо, откако клубот не само што не успеа да обезбеди Серија А, туку поради незаконско работење исфрлен беше, па вратен во второлигашкото друштво. 

Италијанските медиуми секојдневно пишуваат за иднината на нашиот голгетер, односно каде би можел да ја продолжи кариерата. Ако претходно се пишуваше дека за него сериозен интерес пројавиле Парма, Сасуоло и Болоња, сега се шпекулира дека е најблиску до тимот на Лече, кој оваа сезона успеа да се врати во италијанската елита. 

Лече веќе започна со подготовките за Серија А, а прва желба му е 29-годишниот македонски репрезентативец. Засега нема информации колку Палермо ќе заработи за овој трансфер, ниту пак каков договор ќе потпишаe нашиот фудбалер. 

Наводно, Несторовски има и понуди надвор од Италија, но моментално најблиску до неговиот потпис бил до Лече.