• Зоран Мишевски
Поранешниот италијански шампион и клуб кој во нашата земја собра многу симпатии заради настапот на Горан Пандев, Џенова, е заинтересирана за Бојан Миовски. Тренерот Алберто Џилардино знае дека тешко дека ќе ги задржи Ретеги и Гудмунсон од понудите на побогатите клубови и очајно бара замена.
24-годишниот напаѓач на Абердин е прва опција на Болоња, но сега и Џенова се вклучи во трката за штипјанецот. Според италијанските медиуми Џенова е спремна да плати околу осум милиони евра за потписот на македонскиот репрезентативец.
Бојан Миовски сезоната за Абердин ја заврши со 53 одиграни натпревари, на кои даде 26 гола, со уште четири асистенции.
Новата сезона во Серија А почнува на 17/18 август.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.