• Иван Димовски
Фудбалскиот клуб Монца доби нов сопственик американскиот инвестициски фонд „Бекет Лејн Венчрс“ ја финализираше купопродажбата, во зделка вредна околу 45 милиони евра.
Фондот, предводен од поранешниот маркетинг директор на Челзи, Брендон Бергер, ќе добие 80% од акциите уште ова лето, а преостанатите 20% ќе ги преземе до јуни 2026 година. Испаѓањето на тимот во Серија Б влијаеше на крајната вредност на трансакцијата.
Семејството Берлускони преку „Фининвест“ ќе задржи застапеност во управниот одбор сѐ додека не заврши целосниот трансфер на сопственоста.
Со оваа продажба дури осум второлигаши во Италија имаат американско сопствеништво. Освен Монца во американски раце се Сампдорија, Венеција, Специја, Палерми, Чезена, Падова и Јуве Стабиа.
ФОТО/PHOTO: AC Monza/Twitter


