• Горан Упале

Финансиите во модерниот фудбал се повеќе им прават проблеми на клубовите. Додека едни се борат да „преживеат“, други не внимаваат како трошат и се ставаат под разни истраги. Случајот Барселона за плаќање на судиите не е последен земјотрес во фудбалска Европа. Во проблеми се најде и португалски Порто.
Имено, Португалците добија опомена пред тужба и предупредување дека до 30 јуни годинава мора да покријат долг од 50 милиони евра. Долгот настанал при трансфери на одредени фудбалери во изминатиот период, а наводно не биле уредно евидентирани според правилата. Порто сега мора да докаже дека педесетте милиони евра се чисти на хартија, во спротивно може да се соочи со парична казна.
Доколку до 30 јуни, челнциите на клубот не ја достават потребната документација, во следната сезона би можеле да влезат со бодовна негатива. Покрај тоа, клубот би можел да добие забрана за секаков вид на трансфери.
Од Порто велат дека не им е јасно за каков долг станува збор, но дека клубот веднаш ќе ги преземе сите мерки и ќе докаже дека е чист и транспарентен во сите зделки. Во претходните сезони Порто имаше неколку одлични трансфери, касата беше полна, но клубот никогаш не влезе во скандали.
Сите веруваат дека ова е само недоразбирање и дека ситуацијата ќе биде многу појасна во наредните денови.