Уште еден фудбалер на Фиорентина пред преселба во Јувентус

Нико Гонзалез најверојатно ќе биде уште еден играч на Фиорентина, кој ќе заврши во дресот на Јувентус.

Според медиумите од Апенините, веќе е договорен трансфер вреден 30 милиони евра, но до конечната реализација останува само еден детаљ. Фиорентина сака да го доведе Алберт Гудмундсон од Џенова, кој треба го замени Гонзалез.

Во Италија веќе се шпекулира дека од Торино во Фиренца би можеле да заминат Вестон Мекени, Артур или српскиот репрезентативец Филип Костиќ, но нивното заминување нема да има врска со доаѓањето на Гонзалез во редовите на „старата дама“.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.