• Горан Упале
Фудбалерот на Јувентус, Хуан Кабал ги скина вкрстените лигаменти на коленото на тренингот на репрезентацијата на Колумбија. Речиси сигурно Кабал ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната и ова е втора ваква повреда на играч на Јувентус оваа сезона.
Претходно истата судбина ја доживеа клучниот стопер Бремер кој со тешката повреда се здоби пред еден месец на мечот со РБ Лајпциг во Лигата на шампионите и исто така ќе отсуствува до крајот на сезоната.
Кабал ова лето во Јувентус пристигна од Верона за 12,8 милиони евра. Тој е еден од најперспективните дефанзивци во Серија А, а оваа сезона забележа девет настапи и една асистенција за торинскиот клуб.
Јувентус моментално ги има Федерико Гати, Пјер Калулу и Данило меѓу дефанзивците кои се здрави.