• Зоран Мишевски
Последиците од пандемијата од ковид-19 веќе се чувствува со испразнетите каси на голем број клубови. Словачка Жилина прва се предаде и згасна, а во Белгија веќе има два случаи на банкрот во трисетина дена.
Пред неполн месец банкротираше Стандард од Лиеж, а сега истата судбина го снајде поранешниот освојувач на Купот на Белгија, Локерен. Судот во Дендермунд прогласи банкрот на белгискиот клуб, а како што истакна претседателот Луис Де Врис, тие нема да ја обжалат одлуката.
„Не успеавме да најдеме инвеститор во дадениот рок, иако имавме бројни обиди“, рече Де Врис.
Двократниот освојувач на белгискиот национален куп не успеал да го врати долгот од пет милиони евра, па клубот нема да ја дочека својата стогодишнина од постоењето.
Локерен во 2019 година испадна од елитната белгиска лига и од тој момент не се созеде. Низ историјата за Локерен настапуваат Горан Мазнов, Бобан Јанчевски, Ертан Демири и Бесарт Абдурахими.
Некои белгиски медиуми шпекулираат дека клубот може да се фузира со аматерскиот тим на ВВ Хаме, за да опстане. Сепак, оваа информација уште е во доменот на шпекулации.