Уште еден Аргентинец стигна во Атлетико: Краневитер веќе тренира кај Симеоне

Трансферот кој беше договорен пред шест месеци, денес се реализира во целост. Младиот аргентински репрезентативец, Матиас Краневитер пристигна во Атлетико Мадрид од Ривер Плата за 8 милиони евра. Тој околу пладне се појави на аеродромот „Барахас“ во Мадрид, каде беше дочекан од неколку навивачи на помладиот мадридски клуб.

Краневитер во Аргентина го споредуваат со Редондо, бидејќи важи за елегантен, но многу цврст фудбалер, кој со Ривер Плата стана шампион на Аргентина, ги освои Копа Либертадорес и Копа Судамерикана, а неодамна играше и во финалето на Мундијалот за клубови, каде загуби со Ривер Плата од Барселона со 3-0. Фудбалерот за врска има 8 натпревари и за најдобрата аргентинска репрезентација. 

Краневитер веќе го одработи првиот тренинг со новите соиграчи. Аргентинската колонија во Атлетико Мадрид ќе се зголеми уште повеќе, бидејќи Аугусто Фернандез од Селта веќе се договори со Атлетико и деновиве трансферот ќе биде официјализиран.