Уште две нови имиња во Велес, Петковски и Димоски за посилен Борец

Eкипата на ФК Борец продолжува да се засилува во летниот преоден рок и претстави две нови имиња, Стојан Петковски и Горан Димоски.

Стојан Петковски е играч од средниот ред кој има 28 години и пристигнува од актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Тиквеш. Претходно во својата кариера беше дел од Пелистер, Работнички, како и на Вардар од Неготино.

Младиот Горан Димоски има само 19 години и доаѓа од прилепска Победа. Тој може да ги покрие страничните позиции, како бек и како крило.

Борец претходно потпиша со: Петар Јакимов, Матеј Цветановски, Берат Исмаил и Флорент Османи.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.