• Саше Љолес
Македонскиот второлигаш, велешки Борец, се пофали со две нови засилувања за новата сезона. Во клубот пристигнуваат младиот Давид Блажевски и искусниот Кристијан Јордановски, кои ќе ја зголемат конкуренцијата во одбраната и во средниот ред.
Блажевски е перспективен играч со голем потенцијал, додека 25-годишниот Јордановски има големо искуство од настапите за Слога Виница, Брегалница Штип, Кит-Го, Тетекс и Саса.
Минатата сезона Борец преку баражот успеа да обезбеди опстанок во второлигашкото друштво, а летово потпиша договори со повеќе нови играчи, меѓу кои се Стојан Петковски, Горан Димовски, Петар Јакимов, Матеј Цветановски, Берант Исмаил и Флорент Османи.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.