• Иван Димовски
Детонит Плачковица се пофали со уште двајца новајлии за втората полусезона во ВМФЛ.
Тимот кој лани играше во баражот за пласман во ПМФЛ има слични цели и оваа сезона, меѓутоа на полусезона заостанува зад водечките. Поради тоа управата беше активна оваа зима и веќе промовира седум нови имиња.
Последни на листата играчи кои пристигнаа во Радовиш се Давид Дебрешлиоски и Александар Смилков.
Дебрешлиоски доаѓа во Детонит од редовите на Победа. Станува збор за млад напаѓач кој е роден во Прилеп и кариерата ја започна во младинските категории на Победа. Од друга страна, Смилков е офанзивен играч за врска и доаѓа од Саса, а во минатото како младинец беше дел од Брера и Брегалница, додека од 2022 до ланскиот зимски преоден рок настапуваше токму за Детонит.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.