Уште двајца македонски репрезентативци станаа шампиони!

По Серафимов и Растодер, викендов уште двајца македонски репрезентативци станаа шампиони со својот клуб. Имено, новопечениот ас во македонскиот дрес, Себастијан Херера, и голманот Дамјан Шишковски со Борац Бања Лука се шампиони на Босна и Херцеговина.

Како гостин, Борац славеше во големото дерби со Сараево на „Кошево“ (0-1), во 32. коло од Премиер лигата. Единствениот гол во дербито го постигна Лука Јуричиќ во 35. минута од натпреварот и со тоа го „зацементираше“ статусот на најдобар стрелец со 25 гола.

На четири кола до крајот на сезоната, Борац има 13 бода повеќе од Зрињски и веќе ја започна прославата на титулата. Ова е четврта титула шампион на Босна и Херцеговина за Борац, по 2011, 2021 и 2024 година.