Уште двајца Бразилци во Кавадарци за посилен Тиквеш

Фудбалскиот клуб Тиквеш од Кавадарци го подготвува тимот за стартот на сезоната, кој за нив е во првото претколо во Конференциската лига. 

Откако во текот на вчерашниот ден го претставија Витор Алберто - Витао, Тиквеш се пофали со потпис на уште две нови имиња од Бразил. Станува збор за Леонардо Гуера и Георге Араухо кои пристигнаа во Кавадарци од својата земја. 

Тиквеш во првото квалификациско коло за третото по ранг натпреварување на УЕФА ќе одигра двомеч против екипата на Бреидаблик на средината на јули.

Во моментов тимот од Кавадарци се наоѓа на подготовки во Охрид, каде што ја темпира формата за натпреварите во Европа.