Уште четири победи до целта, Лидс и Алиоски без право на кикс кај Блекбурн

Ако ја погледнеме табелата, навивачите на Лидс можат да ја накриват капата, меѓутоа, кога ќе се фрли око на теренот јасно е дека не е сè така сјајно. Иако некогашниот учесник на Лигата на шампионите и лидер на Чемпионшип, по паузата предизвикана од пандемијата на коронавирусот не делува ни одблизу убедливо, дури си го загрози веќе виденото враќање во Премиер лигата.

Најпрво беше поразен во Кардиф, па на „Еланд Роуд“ го совлада Фулам – и тогаш многу помислија дека се врати на патеката за успех – за минатиот вторник на свој терен да одигра само 1-1 со последнопласираниот Лутон со што сам себе си го успори патот кон најдоброто друштво. Математиката вели дека екипата за која со успеси настапува нашиот репрезентативец Езџан Алиоски, во преостанатите шест кола четири победи им гарантираат промоција, а прва можност да се приближат кон елитниот ранг на англискиот фудбал е саботното гостување кај незаинтересираниот Блекбурн

Незаинтересиран, бидејќи домаќинот е сигурен на средината од табелата. Не може ниту да стигне до тимовите кои се борат за пласман во баражот, ниту екипите од дното можат да им го загрозат опстанокот. 

Поранешниот првак на Премиер лигата (титулата од 1995) игра за своја душа, а таквите состави, по непишано правило, се најопасни, бидејќи од непредвидливото можат да изненадат. Квалитетот е на страната на Лидс, бидејќи ги доби двата последни меѓусебни дуели (3-2 и 2-1 на „Еланд Роуд“), а на седум последни средби славеше дури шест пати. 

Погледнете ги сите коефициенти за Чемпионшип »

Единствен пораз во тој период доживеа на последното гостување на „Ивуд парк“ (1-2). Интересно е дека дури шест пати од споменатите седум средби мина типот ГГ3+, а бидејќи одбраната на Лидс е порозна, а Блекбурн на свој терен знае да биде опасен, можеби головите се посигурна опција од конечен исход, иако предност му даваме на лидерот во првенството.