ВИДЕО: Уругвај убедлив, Аргентина го совлада Хондурас, но остана без Меси

Репрезентациите на Аргентина и Уругвај со победи ги започнаа подготовките за претстојната Копа Америка, која оваа година за првпат ќе се одржи во САД.

Избраниците на Тата Мартино со голот на Игуаин во 31. минута ја совладаа селекцијата на Хондурас со 1-0 (1-0).

Сепак од овој дуел доаѓа и лоша вест за селекторот, бидејќи капитенот на селекцијата, Лионел Меси поради повреда играта ја напушти во 64. минута, а конечен резултат од сериозноста на неговата повредеа се очекува денес по завршувањето на дополнителните лекарски прегледи. 

Нешто поубедлива беше победата на селекцијата на Уругвај која извојува победа од 3-1 против Тринидад и Тобаго. Стрелци за Уругвај беа Единсон Кавани на два и еден постигна Вецино, додека почесниот гол за поразената екипа го постигна Вилијамс.