ВИДЕО: Уругвај си поигра со Тајланд и го освои „Кина Купот“

Според очекувањата, селекцијата на Уругвај е победник на „Кина Купот“ во фудбал, кој официјално заврши со финалниот натпревар попладнево. Во завршниот дуел, кој беше целосно нерамноправен, двојниот светски првак и четвртфиналист на последниот Мундијал го декласира Тајланд со 0-4 (0-2),

И без главните ѕвезди, селекцијата на Оскар Табарез лесно се справи со азиската репрезентација и слично ја декласира како и Узбекистан во полуфиналето. Фудбалерот на Интер, Весино во шестата минута го отвори резултатот, а на седум минути до одморот по акцијата на Стуани погоди Переиро.

Во вториот дел кон убедливиот триумф на „урусите“ се приклучија напаѓачите од Примера, Стуани од Џирона и Гомез од Селта. На овој турнир за Уругвај не настапија повредените Кавани и Суарез. 

  • Извештај од натпреварот: 

Во мечот за третото место, Кина на Фабио Канаваро загуби од Узбекистан со 0-1. Единствениот гол го постигна Шомуродов во 35. минута. 

  • Извештај од натпреварот: