ВИДЕО: Уругвај и Кореја не шутнаа во гол, стативата се стресе во 90. минута

Фудбалските репрезентации на Уругвај и Јужна Кореја одиграа реми без голови во рамки на Групата Х на Светското првенство (СП) и го чекаат исходот од дуелот меѓу Португалија и Гана кој се игра попладнево. 

  • Извештај од натпреварот: 

Алонсо изненади со внесувањето на Перистери во стартниот тим, а ветеранот Годин го зазеде местото на повредениот Араухо. Се очекуваше повеќе од јужноамериканците, ама нивниот напаѓачки потенцијал потфрли. Ниту Суарез, ниту Пелистри и Нуњез, а потоа и нововлезениот Кавани, немаа шут во рамки на голот на голманот Ким. 

Имаа и двете репрезентации убави прилики, ама завршија надвор од рамки на головите. Хванг и Сон беа опасноста од Јужна Кореја, додека Уругвај беше поконкретен, ама двапати се тресеше рамката од голот на азиската селекција.

Прво во 43. минута Диего Годин ја погоди пречката, а потоа во 90. минута Федерико Валверде шутна од далечина и го изведе најдобриот потег на мечот, но погоди во стативата. Фудбалерите на Пауло Бенто повеќе ја имаа топката во нозете, креираа и неколку полушанси, но не го намачија Рочет мешу уругвајските стативи. Лоша вест за азиската селекција е повредата на дефанзивецот на Наполи, Ким, кој беше заменет во завршницата на натпреварот.

Во следното коло Уругвај го чека дерби со Португалија, додека Јужна Кореја ќе се соочи со Гана.

Состави

Диего Алонсо

4-3-3

    Пауло Хорхе Гомез Бенто

    4-2-3-1