• Редакција Gol.mk
Првата криза во уругвајската фудбалска репрезентација под водство на Марсело Биелса гo тресе двократниот светски шампион. Уругвајците загубија во Лима од Перу со 1-0 (0-0) во последниот натпревар од деветтото коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада.
Очигледно скандалот и изјавите на Луис Суарез оставиле трага и уругвајската репрезентација не беше така сплотена и хомогена како претходните две години под водство на Биелса.
Во тврд и недопадлив натпревар Перуанците не беа во подредена улога и креираа повеќе шанси во целиот тек на натпреварот. Сепак, и Дарвин Нуњез, Де Араскаета и останатите не беа креативни и луцидни во завршницата и останаа без погодок. Казната стигна во самата завршница, во 88. минута, кога Мигуел Араухо со глава ја закова топката во мрежата на Роше (1-0).
- Извештај од натпреварот:
Ова е прва победа на Перу во квалификациите, со што „фенерот“ му го препушти на Чиле. Уругвај останува третопласиран со 15 бода.