Уругвај без Весино ќе „удри“ на променливите Јапонци

Шампионот од пред три изданија, селекцијата на Уругвај не можеше подобро да ја започне Копа Америка. Избраниците на Оскар Табарез се соочуваат со улога на фаворит од сенка, но по искуството со кое располагаат сигурно можат да се надигруваат со секој ривал. Највозрасниот селектор на турнирот нема намера ништо да менува за вечерашниот дуел со Јапонија. Скоро сигурно десет од 11 фудбалери кои го совладаа Еквадор, ќе започнат и против Азијците. Единствениот исклучок е Весино, кој се повреди на дебито пред четири дена.

Тореира или Бентакур е единствената дилема која постои уште од пред почетокот на натпреварувањето, но овој пат по повредата на Весино, веројатно ќе започнат и двајцата. Јапонците на наивен начин загубија од Чиле, а во татковината најмногу се критикуваше начинот на кој се распадна играта на Јапонците по првиот примен гол.

Недостатокот на Кагава како лидер на генерацијата и тоа како се чувствува, па овој дисциплиниран тим нема доволно каризматичност и спортска дрскост. 

Натпреварот се игра во 1:00 часот по полноќ во Порто Алегре, а дуелот ќе го води Рохас од Колумбија, Утревечер во истиот термин се игра и вториот натпревар од второто коло во Ц групата помеѓу Еквадор и Чиле.