ВИДЕО: Урнебесна реакција на Салах кога го запрашаа за „Златната топка“

Салах

Мохамед Салах беше еден од најдобрите на теренот во победата на Ливерпул кај градскиот ривал Евертон.

Офанзивецот на тимот од „Енфилд“ по мечот имаше интересна реакција, кога беше запрашан за доделувањето на „Златната топка“. Тој заврши на седмата позиција, зад Лионел Меси, Роберт Левандовски, Жоржињо, Карим Бензема, Н'Голо Канте и Кристијано Роналдо.

Египетскиот интернационалец оваа сезона одигра 19 натпревари за Ливерпул во Лигата на шампионите и Премиер лигата и има 19 гола и седум асистенции.