ВИДЕО: Урнебесна реакција на Фавр – заборави колку гола постигна Халанд

Халанд Ерлинг Борусија

Ерлинг Халанд продолжи да решети мрежи во германската Бундеслига. Неверојатниот напаѓач со четири гола донесе пресврт победа на Борусија Дортмунд кај Херта.

Норвежанецот си поигруваше со одбраната на тимот од Берлин и со невидена леснотија ја полнеше мрежата. Тренерот на „милионерите“, Лусиен Фавр, на крај не знаеше колку погодоци постигна неговиот фудбалер. 

Снимката стана хит на социјалните мрежи, а на истата се гледа како швајцарскиот стратег со раката покажува три, алудирајќи на головите на Халанд.

Борусија се доближи на еден бод до лидерот Баерн Минхен, кој направи кикс и ремизираше против Вердер Бремен.