Урнебесна расправија: Кин и Карагер се „фатија за гуша“ поради Роналдо (ВИДЕО)

Роналдо

Кристијано Роналдо го започна дербито против Челзи од клупата за резерви. Околу оваа одлука на Мајкл Керик на големо се зборуваше во англиските медуми.

Интересен судир имаа поранешните фудбалери Рој Кин и Џејми Карагер. Легендата на Манчестер Јунајтед го убедуваше својот некогашен ривал дека Португалецот ќе помогне да се направи некаков успех оваа сезона. Екс членот на Ливерпул, пак, смета дека Јунајтед направи грешка што го доведе Роналдо, кој се испречува на развојот на младите фудбалери.

„Го донесоа бидејќи се плашеа да не оди во Манчестер Сити, па го направија тој потег. Јунајтед немаше план да го доведе Кристијано Роналдо. Само го донесоа за да не оди во Сити..“, изјави Карагер.

На тоа Кин му одговори:

„Роналдо не може да ја донесе премиерлигашката титула во Јунајтед. Тој пристигна поради ФА Купот и Лигата на шампионите. Влегоа во нокаут фазата од Лигата на шампионите, нели?“.

Роналдо доби половина час на „Стемфорд Бриџ“, а мечот на крај заврши без победник. Стрелци на головите беа Џејдон Санчо и Жоржињо.