Урнебесен момент: Влета на терен, ги „издрибла“ редарите и даде гол! (ВИДЕО)

Интересен момент се случи на натпреварот меѓу Шпанија и Мароко на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) откако еден навивач влета на теренот во последните моменти од дуелот и се забавуваше.

Навивач на Мароко влезе на терен, им избега на редарите и ја зеде топката од голманот на Шпанија. Дури и успеа да ги „издрибла“ ривалите и даде гол за 2-2, па стадионот бурно реагира на моментот.

Навивачот потоа беше фатен и веднаш беше изнесен од теренот, а мечот продолжи и заврши со триумф на Шпанците вреден место во финалето.