Управата не им дозволи на Матиќ и уште тројца храбри „ѓаволи“ да се соочат со лутите фанови

Одложувањето на големото англиско дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, поради немирите на навивачите на „ѓаволите“, го одбележа фудбалскиот викенд на Островот.

Немирите во црвениот дел од Манчестер започнаа неколку часа пред дербито на „Олд Трафорд“, а кулминираше со влегување на навивачите на теренот на култниот стадион, додека друга група на незадоволни фанови протестираше пред хотелот во кој се наоѓаа момците на Оле Гунер Солскјер.

Неколку медиуми од Англија соопштуваат дека во моментите кога лутите навивачи дивееле пред хотелот, четворица играчи на Јунајтед сакале да излезат пред нив и отворено да зборуваат за проблемите, но управата на клубот ги спречила во тоа.

Лидер на таа група храбри „ѓаволи“ бил Немања Матиќ, а неговата идеја ја поддржале уште капитенот Хари Мегваер, Бруно Фернандеш и Скот Мектоминеј, кои се обидоа да ги убедат челните лица на клубот да добијат дозвола да разговараат со навивачите, но и покрај упорноста не добиле „зелено светло“.

Големото англиско дерби кое живот значи за Ливерпул и неговиот настап во Лигата на шампионите идната сезона, на крај беше откажано и засега не е познато кога ќе биде одиграно.