Управата на Јунајтед разочара, но кога Аморим дозна направи потег за почит! 

Манчестер Јунајтед на „Сан Мамеш“ ќе се обиде да ја спаси најлошата сезона во историјата на Премиер лигата. „Ѓаволите“ против Тотенхем ќе играат во финалето од Лига Европа, а раководството на клубот со уште една одлука одново ги разочара своите фанови. 

Клубот му соопштил на Рубен Аморим дека само главните помошници од стручниот штаб ќе добијат билети за финалето во Билбао, додека останатите можат да купат по два билета на свој трошок. 

По ова, португалскиот стратег се решил за потег кој наиде на одушевување кај фановите. Аморим сам платил за триесет членови на стручниот штаб и дополнително им дозволил да изберат по две лица за придружба на финалето на „Сан Мамеш“, како награда за нивната поддршка во последните шест месеци откако е тренер на „Олд Трафорд“.

Одличен потег на Аморим, но одлуката на управата е разочарувачка, особено во споредба со ПСЖ, кој ќе ги покрие трошоците за 600 лица од клубот за финалето во Лигата на шампионите.

Најнови вести од
УЕФА Лига Европа