• Мартин Танасковски

Второлигашот Гостивар повторно се соочи со проблем, навивачите „Кастриоти“ бараа од управата да си оди, по што добија одговор дека тие се политички диригирани, но, како што изгледа, се најде заеднички јазик.
Интересно, на социјалните мрежи кои ги води клубот, се објави дека вестите во иднина ќе одат само на англиски јазик, а не на албански, турски и македонски како што беше случај претходно.
Името на клубот нема да се менува, боите на клубот ќе останат исти, а на социјалните медиуми исто ќе се објавуваат само спортски вести, а не честитки за празници, нешто што претходно иницира проблем во Гостивар.
- Објавата на ФК Гостивар во целост:
Гостивар е на втората позиција во ВМФЛ и не знае за пораз оваа сезона.