Упамекано заминува бесплатно, на ист начин во Минхен доаѓа Конате

Дајот Упамекано ја игра последната сезона во дресот на Баерн и веројатно нема да го продолжи договорот. Првакот на Германија веќе бара замена и е во контакт со централниот дефанзивец на Ливерпул, Ибрахима Конате , чиј договор со тимот од „Енфилд роуд“ истекува ова лето.

Според тиражниот „Билд“, клубот од Минхен го разгледува 26-годишникот како можна замена доколку Упамекано си замине. Менаџерскиот тим на Конате, наводно, е во преговори и со Реал Мадрид и ПСЖ.

Оваа сезона, дефанзивецот на Ливерпул настапи на 15 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол. Според „Трансфермаркт“, неговата пазарна вредност е 55 милиони евра.