• Иван Димовски
Европскиот класик меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен на „Бернабеу“ во четвртфиналето на Лигата на шампионите тргна со силен ритам.
Шанси имаше од стартот на двете страни, ама најзрелата не ја искористи Дајот Упамекано. Дефанзивецот на баварците доби „сервирана“ топка внатре во петерецот, ама ужасно шутна.
Ударот од гол-линијата го спаси Алваро Карерас, иако не му беше претешко да го направи тоа.




