• Сашо Поповски

Премиерлигашките клубови се согласија да се доделуваат строги казни, за непочитување на протоколите на стадионите. Прекршоци како што се упад на теренот или пиротехнички средства може да резултираат со забрана за влез на натпреварите, а во најлош случај дури и со затвор.
Фановите ги чека казна од најмалку една година без следење на натпревари од трибините. Доколку во инцидентите се вмешани деца, казната ќе ја платат возрасните лица кои влегле на стадионот со нив. Оваа одлука стапува на сила веднаш, а истата беше донесена на состанок на клубовите од Премиер лигата во Лондон.
Уште пред почетокот на сезоната беа најавени посериозни санкции за било какви инциденти. Секој што ќе ги прекрши правилата ќе биде пријавен во полиција, ризикува криминално досие, а во најлош случај дури и затворска казна.
Минатата сезона фанови на Нотингем Форест и Евертон направија ваков престап. Во двата случаи беа нападнати членови на противничкиот тим, што е причина за оваа одлука на премиерлигашите.