„Универзалецот“ на Пеп пред заминување: Делф се сели во Евертон!?

Фабиан Делф ја започнува последната сезона од својот договор со Манчестер Сити, а како што објавуваат британските медиуми, подготвен е за нов предизвик во својата кариера и преминување во редовите на Евертон. 

Англискиот репрезентативец веќе неколку сезони е резерва кај Пеп Гвардиола, шанса за настап добива само кога треба да пополни некоја позиција, па затоа сериозно размислувал за нова средина. 

Исто така, голем фактор за неговото заминување од „Итихад“ е тоа што следното лето има Европско првенство, па доколку сака да биде дел од „Гордиот Албион“ на тој континентален собир, ќе мора што повеќе да биде присутен на фудбалските терени. 

Наводно, веќе биле започнати преговори на релација Делф – Евертон, а исто така се шпекулира дека Сити би се ослободил од својот „универзалец“ за сума од осум милиони евра.