Универзалецот Михаил Милевски е нов фудбалер на Охрид

Екипата на Охрид претстави уште едно ново име во своите редови. Дел од тимот од покрај Охридското Езеро стана младиот Михаил Милевски.

Се работи за 21-годишен фудбалер кој може да покрие на повеќе позиции од средината на теренот, но добро се снаоѓа и во дефанзивната линија. 

За Милевски Охрид ќе биде негов четврти клуб во кариерата, откако претходно ги бранеше боите на Пелистер, Кит Го Пехчево и Младост КП.

Охрид пролетниот дел од шампионатот во ВМФЛ го започна со пораз од Башкими од 0-2.