Унион Сен-Жил го освои Купот на Белгија по повеќе од еден век!

За нас е сезона на изненадувања во белгискиот фудбал. Фудбалерите на Унион Сен-Жил го освоија Купот на Белгија, совладувајќи го Антверпен во финалето во Брисел со 1-0.

Победата ја донесе јапонскиот интернационалец Коки Мачида, кој беше прецизен во судиското продолжение на првото полувреме.

Клубот од Брисел се врати во белгиската Прва лига во 2021 година по 48-годишно отсуство од највисокиот ранг. Ова е трет Куп-трофеј во историјата на Унион, а прв од далечната 1914 година.

Унион Сн-Жил од 2018 година е во сопственост на британскиот бизнисмен Тони Блум, кој е сопственик и на англискиот премиерлигаш Брајтон.