ВИДЕО: Унион лесно се справи со Херта, Берлин е „црвено-бел“

Берлин е „црвено-црн“, бидејќи фудбалерите на Унион се радуваа во дербито против Херта и победија со 2-0 (2-0). Можеби полесно од очекуваното, екипата која настапува во Конференциската лига на УЕФА со два погодоци во првиот дел го реши натпреварот и прокнижи три бода. 

Само осум минути му беа потребни на Таиво Авониџи кој добро се снајде и го отвори резултатот (1-0). Унион пак се закани, шанса за удвојување на позитивата испушти Харагучи со глава. Сепак, по половина час игра на семафорот стоеше и резултатот 2-0, бидејќи Кристофер Тримел погоди откако налета на топка од Гиеселман, за комфортна предност на домашните. 

Во самиот финиш на полувремето и Херта успеа да ја стресе противничката мрежа, преку Пекарик кој стрелаше со глава. И покрај тоа Унион остана со два гола предност, бидејќи се јави ВАР собата и голот не важеше поради офсајд. 

Второто полувреме не беше според очекувањата, бидејќи Херта не успеа да наметне темпо. Унион беше поконкретен, се закануваше преку Макс Крузе и во два наврати Бекер, од кои еднаш се тресеше и пречката. На крајот Херта мораше да биде задоволна што не загуби и поубедливо во дербито за Берлин. 

  • Извештај од натпреварот:

По 12 кола во Бундеслигата, Унион се наоѓа на петтата позиција со 20 бода, додека Херта со седум помалку е 13.

Состави

Urs Fischer

3-5-2

    Pal Dardai

    4-2-3-1