• Саше Љолес
Унион Берлин и Ајнтрахт Франкфурт ги поделија бодовите во ремито кое заврши со конечни 1-1 (0-1) во натпреварот од осмото коло на германската Бундеслига.
- Извештај од натпреварот:
Ветеранот Марио Геце ги донесе гостите во водство уште во 14. минута од натпреварот, а конечните 1-1 беа дело на Бенедикт Холербах, кој биеше прецизно по дваесет минути игра во второто полувреме. Домаќините постигнаа уште еден гол во самиот финиш преку Тим Скарке, но истиот беше поништен од ВАР-собата поради офсајд сиутација.
Унион Берлин сега има 15 бода, доволни за четвртата позиција на табелата, додека Ајнтрахт има еден бод помалку и во моментов се наоѓа на шестото место во Бундеслигата.