ВИДЕО: Унион и РБ Лајпциг се распукаа во вториот дел, а бодовите остана во Берлин

Фудбалерите на Унион Берлин извојуваа голема победа над РБ Лајпциг со 3-1 во рамките од 14. коло од германската Бундеслига.

  • Извештај од натпреварот:

По не толку возбудливото прво полувреме, домаќините поведоа во 57. минута кога Оливер Бурки ја затресе мрежата на Гулаш. РБ Лајпциг успеа да израмни со голот на резервистот Тидијам Гомис во 60. минута, но само четири минути подоцна, Иљас Ансах го врати Унион во водство.

Кратко потоа, резервистот Илиќ го проигра, Тим Шкарке, кој ја погоди целта и ги постави конечните 3-1.

Со вечервашната победа, Унион Берлин застана на осмото место на табелата во германската Бундеслига со 18, додека РБ Лајпциг останува втор со 29 бода.