Унион и Херта со берлинското дерби ја почнуваат новата Бундес-авантура

Херта избори опстанок во Бундеслигата преку плеј-офот со Хамбургер, но резултатите пред сезоната не се охрабрувачки. Тимот од Берлин зачести со поразите во подготвителните натпревари, а потоа загуби и од Ајнтрахт Брауншвајг на стартот во Купот на Германија. Второлигашот беше поуспешен по пенали, иако гостите водеа со 2-0 на полувремето, па имаа гол предност и во финишот на второто полувреме. Одбраната може да прави големи проблеми за Сандро Шварц оваа сезона.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Унион Берлин и Херта

И Унион слабо го почна натпреварувачкиот циклус, ама, сепак, е позадоволен од градскиот ривал. Четвртолигашот Чеминцер, иако дури по продолженија, падна на стартот на националниот Куп. Беше 2-1 за гостите од Берлин.

Унион во претстојниот дуел со соседите влегува по серија од три меча без пораз во меѓусебните пресметки. Минатата сезона покрај двете средби во првенството екипите имаа еден во Купот, а Унион славеше со 2-0, 3-2 и 4-1. Претходно беше 1-1, па 3-1 и 4-0 за Херта. Така, овој дуел може да донесе солиден број на голови. Барем четири.

Квоти за останатите натпревари во Бундеслигата

Четирите порази во низа, иако три се на тест-натпревари со ривали од Англија (ВБА 1-2, Нотингем 1-3 и Дерби 0-1) не може да не влијаат на самодовербата на Херта. Ќе видиме како екипата ќе се снајде.