ВИДЕО: Унион го „преживеа“ шампионот, Баерн само до реми во Берлин

Унион Берлин го изненади европскиот и германски првак Баерн Минхен и освои бод со реми од 1-1 на „Алтен Форстереи“ во пресметката од единаесеттото бундеслигашко коло. Домаќинот поведе рано и го шокира ривалот, но Левандовски израмни во продолжението. Натпреварот понуди шанси на двете страни и двата тима можеа да стигнат до победата. 

  • Извештај од натпреварот:

Уште во втората минута Унион ја имаше првата закана и Нојер мораше да интервенира по ударот на Авонији. Токму по корнерот од оваа акција, Гриша Промел ја затресе мрежата на Баварците и донесе изненадувачка предност (1-0). Авонији имаше можност и да ја зголеми позитивата, ама биеше до голот, додека на спротивната страна шанси испуштаа Левандовски и Гнабри. 

Второто полувреме започна со силен притисок на Баерн, а Луте имаше доста работа по ударите на Коман и Милер. Сепак, прв прецизен во редовите на првакот беше Роберт Левандовски. Полјакот беше на вистинското место и по продорот на Коман ја смести топката во мрежата за изедначување (1-1). 

До крајот на средбата имаше по една зрела шанса на двете страни. Прв се закани Кеита Ендо, кој од работ на шеснаесетникот упати удар и изнуди голманска одбрана од Нојер. Пред спротивниот гол Лирој Сане можеше да биде херој, но во самиот финиш не успеа да реализира од изгледна позиција. 

Баварците, иако не победија, се вратија на лидерското место, но сега имаат ист број на бодови со РБ Лајпциг, а Баер Леверкузен заостанува два и утре со триумф над Хофенхајм може да ги мине.