• Сашо Поповски

Градското дерби на почетокот од Бундеслигата донесе убедливо издание и победа на Унион Берлин во дуелот со Херта (3-1). Гостите немаа свој ден и се надигруваа само половина час. Потоа следуваше одличен период за домашниот тим, кој постигна три гола. Резултатот го отвори Зибачеу, а Бакер и Кноке во вториот дел ги потврдија бодовите.
- Унион Берлин - Херта 3-1:
Домашниот терен го искористи Борусија Менхенгладбах, која со пресврт го совлада Хофенхајм (3-1). И со црвен картон, гостинската екипа поведе во првото полувреме. Меѓутоа немаше сили да ги издржи противничкиот притисок до крајот на натпреварот. Бенсебаини и Турам обезбедија пресврт-победа за домаќинот на оваа средба, која ја потврди Елведи со третата реализација.
Аугсбург се загуби во вториот дел и прими три гола за прв пораз во дуелот со Фрајбург (0-4). Грегорич погоди за 0-1, а две минути подоцна Грифо ја зголеми предноста, што беше најава за позитивниот резултат на гостите. Гинтер и Доан во финишот се погрижија да го постават конечниот резултат.
Волфсбург во последен момент спаси бод пред своите гледачи против Вердер (2-2). Три погодоци беа постигнати во краток период во првиот дел. Поведоа „волците“ преку Нмеча, а потоа на сцена стапија Фулкруг и Битенкорт, кои за само две минути погодија за прва предност на својот тим. Се чекаше до финишот за конечните 2-2, кои ги постави Гилавоги.
- Волфсбург - Вердер 2-2:
Фудбалерите на Мајнц 05 минимално победија на теренот на Бохум (1-2), благодарение на двата гола на Онисиво.
- Бохум - Мајнц 05 1-2:
Попладнево на „Сигнал Идуна Парк“ се игра дербито меѓу Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен.