ВИДЕО: Унион Берлин со два корнери ја сруши Борусија без Фавр

Фудбалерите на Унион Берлин го одбранија домашниот терен и запишаа голема победа над Борусија Дортмунд (2-1) во 13. коло во Бундеслигата.

  • Извештај од натпреварот: 

Гостите на овој меч беа без првиот тренер Лусиен Фавр, кој заработи отказ, но и без првиот стрелец Ерлинг Халанд. Тоа влијаеше на нивната игра, а домаќинот го искористи лошиот момент на противникот за да му се доближи на еден бод на првенствената табела.

Првото полувреме не донесе многу возбудувања, па трите гола беа постигнати во вториот дел. Резултатот го отвори Промел по еден корнер, во кој најдобро се снајде и донесе домашна радост. Само три минути подоцна, пристигна одговор од „милионерите“ преку младиот Мукако, кој пласираше за 1-1.

Прекините се покажаа кобни за гостите, но донесоа среќа за домашните фудбалери. Вториот искористен корнер им обезбеди три бода, а истиот го реализира Фридрих.