• Саше Љолес

Фудбалерите на Унион Берлин успеаја да слават на денешниот меч од Бундеслигата против незгодниот Ајнтрахт Франкфурт со резултат 2-0. Ова беше прва победа за тимот од главниот град на Германија после четири натпревари.
Домашните беа за нијанса подобар ривал во текот на целиот меч и сосема заслужено дојдоа до целиот плен. Во првото полувреме не беа видени погодоци, иако имаше неколку возбудувања на двете страни.
Ајнтрахт имаше два обида по голот на домаќинот, но не успеа да постигне гол и мрежите мируваа по првите 45 минути.
- Извештај од натпреварот:
Вториот дел донесе многу поактивна игра на двете страни, а домашниот состав беше тој што го отвори резултатот. Унион Берлин поведе преку Кедира во 53. минута, а водството го дуплираше Кевин Беренс кој зголеми на 2-0 дваесетина минути подоцнa.
Гостите од Франкфурт се обидоа на разни начини да стигнат барем до почесен погодок, во последната третина од мечот ја презедоа иницијативата во голема мера, но сето тоа не вроди со плод.
Со новата победа во Бундеслигата, Унион Берлин се врати на третото место на табелата и сега има 48 освоени бодови. За Ајнтрахт Франкфурт ова беше четврти меч без победа и сега се на шестото место со 40 бодови на своето конто.