ВИДЕО: Унион Берлин и Лајпциг со фокус на ЛШ, испаднаа од ДФБ Купот

Фаворитот РБ Лајпциг и екипата на Унион Берлин испаднаа од германскиот ДФБ Куп и ќе може во целост да се фокусираат кон настапите во Лигата на шампионите кои следат до крајот на оваа година, во битката за европска пролет.

  • Волфсбург - РБ Лајпциг 1-0:

Волфсбург на домашен терен го победи РБ Лајпциг (1-0), на кого му даде еден гол во мрежата. Победничкиот погодок падна во 14. минута, а стрелец беше Черни по асистенција на Томас. „Биковите“ го завршија мечот и со играч помалку затоа што поцрвене Поулсен во вториот дел.

  • Штутгарт - Унион Берлин 1-0:

Со идентичен реузлтат 1-0 и екипата на Штутгарт го победи Унион Берлин. Во првото полувреме триумфот за „швабите“ го донесе Ундав во 45. минута.

Големо изненадување приреди третолигашот Хомбург 08 кој успеа да го исфрли Гројтер Фирт (2-1). Домаќините во предност ги донесе Еиселе, а откако Хргота израмни на 1-1, победата за аутсајдерот на хартија ја донесе Харес.