• Зоран Мишевски
Вердер одигра без голови со Сент Паули во последниот натпревар од 31. коло на Бундеслигата (0-0). Веројатно ова е најреален резултат со оглед на тоа дека и двата има креираа по неколку шанси, но немаа добра реализација.
Домаќинот пропушти голема шанса да стигне до шестото место, позиција која води во Европа. Бохум е веќе многу далеку од опстанок. Со денешното реми против Унион Берлин (1-1) оваа екипа е се поблиску до преселба во Цвајрте. Им беше неопхидна победа за да можат да размислуваат за опстанок, па сега во последните неколку кола и зависат од други резултати.
- Вердер - Сент Паули 0-0:
Гостите од Берлин поведоа во 17. минута преку Холербах, а Бохум успеа да израмни од пенал. Ронов му го одбрани казнениот удар на Буро, но од вториот обид гостинскиот напаѓач погоди и дојде до израмнување.
- Бохум - Унион Берлин 1-1:
Унион Берлин обезбеди опстанок, благодарение на одличните настапи во вториот дел од сезоната. Остануваат грижите за Бохум, кој сега има четири бода помалку од Хајденхајм, кој е на позиција која води во бараж со третопласираниот тим во второлигашката категорија.