ФОТО: Уникатна понуда за брак на полувреме од „езерското дерби“

Навивач на Охрид на уникатен начин ја побара раката на својата сакана.

Пред почетокот на второто полувреме oд дуелот против Караорман, играчите на Охрид излегоа на терен со транспарент, по што Александар ја побара саканата на општо одушевување на трибините. Секако дека одговорот беше позитивен и младиот пар вечно ќе го памети „езерското дерби“.

Фудбалерите на Охрид забележаа вредна победа вчера попладне на СРЦ „Билјанини извори“  со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Роберт Митeв, во последните секунди од првото полувреме.