Уникатен проштален подарок за Милнер: „Осум години ги уништуваше пенал точките...“ (ФОТО)

По осум години Џејмс Милнер ќе ги напушти редовите на Ливерпул. Универзалниот играч за врска дојде во клубот во најтешките години, а потоа беше дел и од шампионската генерација на Јирген Клоп. 

Навивачите навистина го почитуваат, таков е и случајот со вработените во клубот. Поради тоа лицата задолжени за одржување на тревникот решија да му дадат уникатен подарок за збогум. Милнер си доби исечен дел од тревникот, поточно околу пенал точката. 

„За Џејмс, по осум години уништување на нашите бели точки. Време е сега да водиш сметка за една самиот. Многу среќа во иднината“, пишува на посветата. 

Објаснувањето е дека тој осум години им ги уништувал белите точки на „Енфилд“, па поради тоа си доби една за сам да ја одржува.