ВИДЕО: Унгарските фанови ечат во Скопје, Хонвед ќе има поддршка против Работнички

Македонскиот прволигаш Работнички денес од 17.00 часот го игра првиот натпревар против Ховнед, кој е во рамки од воведното квалификациско коло на Лига Европа. 

Раководството на „романтичарите“ одлучи овој дуел наместо на арената „Филип Втори“ да се игра на стадионот „Петар Милошевски“ при ФФМ, а унгарскиот тим ќе добие голема поддршка од неколку стотици фанови, кои веќе ечат низ улиците во Скопје

Унгарските фанови мораат да бидат претпазливи и на денешниот меч не смеат да направат никако инцидент, бидејќи клубот веќе има опомена од УЕФА и му се заканува домашен натпревар без публика.