ВИДЕО: Унгарија ги шокира бледите Хрвати, Австрија доживеа дебакл во Израел

Светскиот вицепрвак Хрватска уште еднаш покажа дека има проблеми кои денес ѝ донесоа пораз на гостувањето кај Унгарија (2-1).

  • Извештај од натпреварот: 

Во второто коло од квалификациите за Европското првенство, фудбалерите на Златко Далиќ имаа водство, но на крај го напуштија теренот со наведнати глави. Анте Ребиќ се погрижи да им донесе радост на стотиците навивачи кои допатуваа во Будимпешта. 

Радоста на „коцкестите“ беше прекината непосредно пред паузата кога по една убава акција израмни Адам Салаи. Тоа беше резултатот по првите 45 минути, во кои повеќе удари кон голот имаше домашната селекција.

Натпреварот беше решен во 76. минута при еден корнер за Унгарците. Мате Паткаи се најде на вистинското место и ја заби топката во противничката мрежа и вторпат го совлада Ловре Калиниќ. Хрватите направија неколку јалови обиди да се вратат во игра и да освојат бод, но во тоа не успеаја и го запишаа првиот неуспех во квалфикацискиот циклус.

Ефикасен натпревар во рамки од групата во која се наоѓа и Македонија одиграа Израел и Австрија (4-2), кој му припадна на домашниот тим. По ремито против Словенија, израелските репрезентативци одиграа нов солиден натпревар во кој три гола постигна Еран Захави. Марко Арнаутовиќ стрелаше двапати за австрискиот национален тим кој падна на самото дно на групата.

  • Извештај од натпреварот:

Шкотска немаше проблеми на гости кај аутсајдерот Сан Марино (0-2) и ги запиша први три бода во овие квалификации.

  • Извештај од натпреварот:

Европско првенство, Квалификации, Група E
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 СловачкаСловачка 2 1 0 1 2:1 1 3
2 ВелсВелс 1 1 1 0 0 1:0 1 3
3 УнгаријаУнгарија 2 2 1 0 1 2:3 -1 3
4 ХрватскаХрватска 2 2 1 0 1 3:3 0 3
5 АзербејџанАзербејџан 1 1 0 0 1 1:2 -1 0