Многу играчи прескокнуваат клучни чекори во својата кариера само за да облечат дрес на голем клуб, каде што не ги оправдуваат очекувањата. Вообичаено следува голем пад, а таков е и случајот со некогашниот член на Ливерпул, Наби Кеита.
Македонскиот репрезентативен стопер Никола Серафимов останува во редовите на МОЛ Фехервар. 24-годишниот дефанзивец е еден од најстандардните фудбалери во унгарскиот колектив, па не треба да изненади продолжението на соработката.
Македонските фудбалери Марко Илиевски и Бобан Николов имаа одлично попладне во дресот на унгарска Кишварда затоа што имаа свои голови и асистенции во убедливата победа над Ујпешт (4-0).
Македонскиот фудбалер Давид Бабунски имаше одличен натпревар за унгарски Мезекевешд, во победата над Ујпешт, кого го совладаа во унгарскиот шампионат со 4-0.
Македонскиот репрезентативен стопер Никола Серафимов беше стрелец за Фехервар. Неговиот тим ја запиша втората сезонска победа во првенството на Унгарија, откако на свој терен со пресврт слави против Кишварда (3-1).
Македонските репрезентативци Никола Серафимов и Тодор Тодороски имаа дуел еден против друг во Унгарија. МОЛ Фехервар го пречека ЗТЕ, а натпреварот заврши со резултат 3-3 и го одбележа неверојатен финиш.